Пред само неколку дена ДНК во соработка со кралот на фолк музиката кај нас, Наум Петрески и виртуозот на труба – Џамбо Агушев ја објавија нивната најнова песна со наслов “Животе брате”.
Требаше само кратко време за песната да се рашири како “вирус” и буквално да ја пеат и стари и млади од сите делови на земјата, но и сите делови на светот каде има Македонци.
Овој пат едно такво видео споделија момците од ДНК на нивната официјална страница на Фејсбук, на кое може да се видат десетина дечиња облечени во традиционални македонски носии, како во еден глас го пеат новиот хит на ДНК.
Станува збор за дечиња од далечната Австралија, поточно од Мелбурн.
“На наше големо задоволство, по само 4 дена од издавањето на нашата нова песна, од Мелбурн ни стигна поздрав и кратко видео кое ни ги стопли срцата а веруваме дека ќе ве допре и вас. Точно 40 деца од културно играорно друштво” Гоце Делчев” од Мелбурн, Австралија кои ја испеаа “Ајде, ајде” во хор. Ви благодариме за огромната поддршка и љубовта која ни ја секојдневно ни ја покажувате”- стои во објавата на официјалната страница на ДНК.