Музика Промоција

Најтешките моменти од својот живот ги преточи во песна: Слушнете ја „Херој“ – новата песна на Тамара Волческа

Овој музички проект на Тамара докажува дека со многу труд и напорна работа, може да се биде успешен во реализирање на целите.

Најтешките моменти од својот живот ги преточи во песна: Слушнете ја „Херој“ – новата песна на Тамара Волческа

Вчеравечер, познатата пејачка Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој“, а за кој сними и видео запис. Истиот е снимен на неколку локации, а направен е под режисерската палка на Ивона Јо, која е нејзина најголема поддршка. Во видео записот ја гледаме Тамара во едно ново руво, односно различна од се она што досега сме навикнале од неа.

„Херој“ е брза и енергична песна која ја враќа надежта во едноставните дела кои внесуваат задоволство и оптимизам во животот. Херојот е Тамара која се обидува да се спаси сама себе во периоди кога била мала и незаштитена. Пораката на овој проект е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех, како што токму тоа го прави Тамара на крајот од видеото, каде што си дава аплауз сама на себе.

Текстот е напишан буквално во еден здив, а зад истиот се потпишува Тамара, која полека но сигурно станува сериозно име меѓу текстописците на македонската музичка сцена. Музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха кои се главните “виновници“ за „Херој“ и кои ја донесоа оваа песна до нејзината финална верзија во GreenRoom Sound Studio.

Овој музички проект на Тамара докажува дека со многу труд и напорна работа, може да се биде успешен во реализирање на целите.

Уживајте во „Херој“

To top