Легендарната рок група „Дивље Јагоде“, доаѓа на концерт во Скопје. Концертот е закажан за 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“, со почеток во 21.00 часот. Едни од предводниците на рок ен ролот најавуваат незаборавен концертен настан за сладокусците на рок музиката, но и за сите останати почитувачи на добрата свирка. Зеле и екипата ќе ги отсвират и испеат нивните најголеми хитови од почетоците на бендот, па се’ до оние од неодамна излезениот, најнов, 13-ти по ред студиски албум „Прати моје старе трагове“.
Публиката на единствениот концерт кој нема да има реприза ќе има можност да ужива и заедно да ги пее познатите песни како: „Дивље јагоде“, „Стаклени хотел“, „Мотори“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и безвременските балади како: „Једина моја“, „Криво је море“, „Паткица“, „Бит ќе боље“… Целото концертно шоу е замислено како елегантен спој на рок ен рол свирка и акустичен „анплагд“ блок, кои бендот ќе ги фузира во еден единствен целовечерен концепт. Богатство од моќни и енергични рифови, нежни и певливи мелодии и квалитетни стихови… Енергија и емоции за сите сетила!
Организатор на овој единствен концертен настан е продукцијата „Сцена“, која најувава и дружење на членовите на „Дивље јагоде“ со претставниците на медиумите на денот на концертот, на 27-ми септември во 11.00 часот во градската кафеана „Пелистер“, лоцирана на самиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
Билети кои се веќе во продажба можат да се набават во мрежата на МкТикетс
Не пропуштајте ја можноста да уживате во хитовите на една од најголемите рок групи во регионот, на електрично – акустичниот концерт на единствените „Дивље јагоде“, на 27-ми септември 2024 година во „Македонската филхармонија“ – Скопје.