Музика

Јана Спирковска знае дека ако веруваш во себе – „Се’ е возможно“ (ВИДЕО)

Јана Спирковска знае дека ако веруваш во себе – „Се’ е возможно“ (ВИДЕО)

Новата композиција на 23-годишната пејачка Јана Спирковска насловена „Се’ е возможно“ е дело на авторскиот тим Наташа Миха и Дамир Пух, а зад видеозаписот и монтажата се потпишува нејзиното момче, Александар Спасенцовски, брат на сопругот на Антониа Гиговска и нејзин девер.

Автори на музиката се Наташа Миха и Дамир Пух, текстот е дело на Наташа Миха, додека аранжманот го потпишува Дамир Пух.

Самиот процес на создавање на оваа песна беше многу спонтан и интересен и можам да кажам дека целосно се реализира мојата првична идеја. Пораката која што сакам да ја испратам со оваа е песна е дека треба луѓето повеќе да веруваат во себе, да бидат она што посакуваат да бидат и да знаат дека се е возможно. Оваа песна можам да кажам дека ми е најдрага до сега бидејќи најмногу ме опишува мене како личност. Ова е мојата втора песна која што е снимена во GreenRoomStudio“ – порачува пејачката изразувајќи голема благодарност до сите што помогнале за реализирање на овој проект.

Целата замисла на спотот е да се долови диско атмосфера која што ќе одговара на ритамот на песната и да има што поприродни сцени. Сцената во диското е снимена во Club Pure. Главниот лик кој што се појавува во спотот заедно со Јана е Јован Фичорски.

За многу кратко време имам во план да реализирам уште една песна која што ќе биде исто така на македонски јазик. Дотогаш уживајте во „Се е возможно“…

To top