Македонкатра Тина Русева меѓу фаворитите во онлајн натпреварот „Гласот на Европа“ на Инстаграм.
На социјалната мрежа Инстаграм во тек е едно од најактуелните онлајн музички натпреварувања – Гласот на Европа (The Voice of Europe), каде што преку директно гласање и споделување публика може да поддржи својата омилена музичка ѕвезда.
🎤 ГОЛЕМО ФИНАЛЕ на “The Voice of Europe 2025”! 🚨
Неизмерно сум благодарна што стигнав до ТОП 6 и големото финале. Утре…
Posted by Tina Ruseva on Четврток, 15 јануари 2026
Во овој натпревар навистина учествуваат млади, талентирани и генијални вокални изведувачи од различни делови на Европа, а една од нив е и Македонката Тина Русева.
Оваа млада пејачка со потекло од Македонија, но која веќе десетина години со своето семејство живее во Германија, со својот глас успеа да се пласира во големото финале каде се наоѓаат најдобрите.
За неа може да гласате така што ќе кликнете лајк (срце) на нејзиното видео објавено на Инстаграм профилот на натпреварот.
Гласањето трае до вечерва, кога ќе бидат избрани победниците, па Тина преку својот профил ги повика сите да гласаат за неа.
Поддршката од публиката е клучна за победа, а како звучат и некои од другите кандидати, погледнете и слушнете во продолжение:
View this post on Instagram