Музика Србија и Црна Гора не обезбедија финале

Финалето на Евровизија без држава од екс Југославија

Синоќа се одржа втората полуфинална вечер од „Песна на Евровизија“, каде што се претставија вкупно 16 земји. Претставници од Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Латвија, Малта и Грција се пласираа во финалето на Еврососог.

Финалето на Евровизија без држава од екс Југославија

Претставникот на Србија, Стефан Здравковиќ, попознат како Принцот од Врање не се пласираше во големото финале на Евровизија.

Како што истакнува, тој дал сè од себе на сцената и е задоволен и горд на целиот свој тим.

-Ви благодарам на сите прекрасни луѓе што гласаа и ме поддржаа мене и српскиот тим. Дадовме сè од себе, го оставив срцето на сцената и се надевам дека го почувствувавте тоа. Задоволен сум и горд на целиот тим. Ве сакам многу. Да продолжиме понатаму, рече тој.

Ниту претставникот на Црна Гора, Нина Жижиќ, не обезбеди влез во полуфиналето.

Синоќа се одржа втората полуфинална вечер од „Песна на Евровизија“, каде што се претставија вкупно 16 земји. Претставници од Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Латвија, Малта и Грција се пласираа во финалето на Еврососог.

Во финалето исто така не се пласираа ниту Хрватска, ниту Словенија, од првото полуфинале.

Прв пат на оваа манифестација нема да има претставник од екс Југославија.

To top