Имено, минатата година многумина не биле задоволни од победата на Лорин, која триумфираше врз основа на гласовите на стручното жири и покрај тоа што миленик на публиката беше претставникот на Финска.
Иако беа напишани бројни петиции за гласовите на публиката да бидат приоритетни пред гласовите на жирито, системот на гласање и оваа година не е променет.
Европската радиодифузна унија потврди дека за пласманот во финалната вечер на Евровизија ќе одлучува и жирито и публиката во сооднос 50:50.
Евровизиските фанови не се задоволни од ваквата одлука бидејќи сметаат дека соодносот на гласање треба да биде 60:40 во корист на публиката, која сепак треба да го избере својот фаворит.