Промо

Vincinni со забавна кампања ги доближува своите производи до потрошувачите

Макпрогрес како водечка компанија во кондиторската индустрија во Македонија, со гордост ја објавува својата континуирана посветеност да создава и обезбедува неодоливи слатки искуства за своите клиенти.

Vincinni со забавна кампања ги доближува своите производи до потрошувачите

Познати по нивниот квалитет, иновации и задоволството на клиентите, Макпрогрес ДОО Виница, бележи континуиран нагорен тренд во својот развој. Основана во 1990 година како мал семеен бизнис, денес таа претставува гигантски играч на полето на кондиторската индустрија и тоа не само во Македонија туку и пошироко.

Постојаното унапредување на производството и рецептурата, примената на најсовремена техника и технологија овозоможуваат Макпрогрес во своите производствените капацитети, да произведува голем број слатки производи со разни форми и полнежи (ролати, тортички, торти, колачиња, штрудли, намази, кекси), а со заедничка карактеристика – оригинален вкус и висок квалитет.

Taка Винчини ги произведува и висококвалитетните 100 % домашни чоколадни намази, познатиот Алми, неодоливо задоволство создадено од какао и свежи млечни производи како и премиум чоколадниот крем создаден од вкусни печени лешници, Чокола.

Со цел производите повеќе да се доближат до крајните потрошувачите, како и одблиску да ги запознаат истите со нивните вкусови, Макпрогрес започна интересна и забавна маркетинг кампања “Стопи се со Алми ” и “Чоколадирај се со Чокола “. За промоција на оваа кампања се организира Чоко Караван во повеќе супер маркети низ Македонија каде потрошувачите имаат прилика да ги вкусат производите, да се забавуваат со наградното чокладно тркало и да добијат доста атрактивни награди.

Придружете се на слаткото патување на иновации, квалитет и неспоредлив вкус на Винчини. Искусете ја магијата на Алми и Чокола – каде што секој сладок момент станува траен спомен.

To top