Промо Најнова медицинска технологија

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Оваа донација е уште една потврда за искрена посветеност на Новоматик Македонија за подобрување на јавно здравствените услуги и навистина сме среќни што можеме да биде дел од оваа благородна акција.

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Новоматик Македонија со големо задоволство денеска донираше и предаде во употреба ново амбулантно возило на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија. Новото амбулантно возило е опремено со најнова медицинска технологија, со што се осигурува дека болницата може да обезбеди најдобра можна грижа за пациентите во итни ситуации.

Официјалната церемонија на предавање се одржа денеска на која присуствуваа болничкиот персонал и претставници од Новоматик Македонија.

Директорот на болницата, доктор Александар Киров во име на болницата и персоналот се заблагодари за донацијата и истакна дека ново амбулантно возило значително ќе ја подобри ефикасноста на болницата при одговори на итни случаи и со тоа грижата за здравјето на граѓаните во Гевгелија.

„И благодарам на Групацијата Новоматик Македонија за оваа особено значајна донација. Донирањето на ова амбулантно возило за нашата болница значително ќе ги подобри нашите способности за одговор при итни случаи, осигурувајќи дека нашите пациенти ќе добијат навремена и ефикасна здравствена грижа што им е неопходна. Оваа донација не само што претставува дарежлив придонес, туку и длабока посветеност на една општествено одговорна компанија кон јавното здравство во нашата локална заедница. Ваквите донации се особено важни и се надеваме дека успешните компании како Новоматик Македонија ќе продолжат и во иднина да не поддржуваат во напорите да обезбедиме унапредување на нашите капацитети“, истакна доктор Киров.

Во име на Новоматик Македонија клучевите од ново амбулантно возило ги предаде  директорот на Новоматик Македонија, Александар Симовиќ, на кого му беше врачена плакета – благодарница од името на болницата и персоналот.

-Новоматик Македонија како компанија има цврста определба во континуитет да биде општествено одговорна и да демонстрира висок чувство за посветеност за потребите на заедницата, нагласи Елена Минева, од Новоматик Македонија.

„Ми претставува особена чест и задоволство што во името на Групацијата Новоматик Македонија денес официјално ги предаваме клучевите од ова амбулантно возило на менаџментот, лекарите, медицинските сестри и целиот помошен персонал на ЈЗУ општата болница Гевгелија. Донираме амбулантно возило со целосна модерна опрема, кое од денес ќе се користи во ситуациите во кои е неопходна брза медицинска интервенција за пациентите. Групацијата Новоматик Македонија ќе продолжи и понатаму да организира или да учествува во различни хуманитарни, донаторски активности, да спонзорира спортски, културни настани, да го подржува јавното здравство, НВО секторот, слободата на медиумите во духот на градење силно партнерство со заедницата“, вели претставникот на Новоматик Македонија, Елена Минева.

Оваа донација е уште една потврда за искрена посветеност на Новоматик Македонија за подобрување на јавно здравствените услуги и навистина сме среќни што можеме да биде дел од оваа благородна акција. Во таа насока продолжуваме и понатаму секогаш земајќи ги предвид приоритетите за доброто на граѓаните и локалната заедница во која што деловно опстојуваме.

To top