Промо Новогодишно обраќање

Мукаетов: 2024-та година беше навистина активна година за „Алкалоид“

Македонската берза во две илјади дваесет и четвртата година на АЛКАЛОИД му ги додели престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво, Акција на годината и Награда за добри ESG-практики.

Мукаетов: 2024-та година беше навистина активна година за „Алкалоид“

Генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, објави свое новогодишно обраќање во кое посочи дека 2024-та година беше навистина активна година за „Алкалоид“.

Неговото обраќање проследете го во продолжение:

Во јануари Дениз Ричардс пиеше чај Good Nature. Во февруари го добивме нашиот прв меѓународен патент за лек со додадена вредност – течниот Омепразол. Во март го пуштивме во употреба нашиот голем капитален инвестициски проект Таблетно 2, вреден деветнаесет милиони и четиристотини илјади евра.

Прославивме триесет години од основањето на данскиот Конзулат, чие седиште е во просториите на компанијата. Регистриравме ново друштво во Казахстан. Инвестиравме во истражувачко-развојна компанија за развој на биослични лекови во Јужна Кореја. И покрај сите предизвици со кои се носевме во текот на годината која изминува, „Алкалоид“ презентираше успешни резултати во работењето.

Македонската берза во две илјади дваесет и четвртата година на АЛКАЛОИД му ги додели престижните награди за Најтранспарентно котирано акционерско друштво, Акција на годината и Награда за добри ESG-практики.

Како компанија лидер во прифаќањето и имплементацијата на нови технологии во работењето, ќе останеме посветени на концептот за транспарентно и етичко работење, остварувајќи ги целите зацртани во нашата ESG-стратегија, насочени кон одговорно однесување спрема животната средина, заедницата и спрема луѓето пред сè.

Проектите за општествена одговорност на „Алкалоид“ продолжија и во текот на две илјади дваесет и четвртата година. Особено ми е драго што по кратка, принудна пауза повторно се собравме во импозантен број од над четири илјади присутни на нашиот хуманитарен хепенинг, донирајќи ѝ ги собраните парични средства на организацијата СОС Детско село.

„Алкалоид“ во моментов е компанија на над три илјади семејства и секој еден член на големото семејство алкалоидовци придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива. А како потсетник за тоа од каде сме тргнале, каде сме денес и каде треба да се движиме во иднина е Музејот на „Алкалоид“, кој го отворивме годинава. Овој простор содржи бројни драги спомени и значајни моменти од етапниот осумдесет и осум годишен развој на една успешна македонска приказна, со пласмани во над педесет земји во светот, која денес ја раскажуваат нови генерации дома и надвор од македонските граници, на кои ќе им ги пренесат силните етички стандарди базирани на знаење и системот на вредности граден со децении.

Со желби за добро здравје, среќа, успеси и повисоки достигнувања, ви посакувам среќни празници!

Најнови вести од Промо

To top