Вечерва од 18:30 на големата сцена во Театар Комедија ќе се одржи шестиот настан од серијалот „Од Креативност до Кариера“, посветен на една од најрелевантните теми на денешницата: „AI & YOU“, односно на улогата на вештачката интелигенција во образованието, кариерата и личниот развој.
ЕКСКЛУЗИВНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА „УМНИВЕРЗУМ“ – ПРВИОТ AI-ТУТОР ОД МАКЕДОНИЈА
На настанот премиерно ќе биде презентиран „Умниверзум“, бесплатниот AI-тутор по математика кој е достапен 24/7 и веќе тестиран со 100% точноство решавање задачи.Развиен целосно од студенти и професори на Бреинстер Некст колеџот и НУ Академијата, со поддршка од професори и алумни на Бреинстер академиите, „Умниверзум“ е наменет за средношколци кои имаат потреба од поддршка во учењето, особено за оние кои немаат пристап до приватни ресурси за истото.
Последното ПИСА истражување (2022) ја рангираше Македонија на 61. место по математика од 81 земја. Според информациите од Министерството за образование, нашите ученици заостануваат 3,5 години споредено со нивните врсници од ЕУ, и имаат 900 часа помалку настава до 15-годишна возраст.
Умниверзум 1.0 Бреинстер интелигенцијата е директен одговор на овие резултати. Воедно, се работи за првиот AI-агент од Македонија којкористи повеќемоделен протокол за да овозможи најголема точност при решавање на математички задачи, чекор-по-чекор објаснувања и можност за натпревари – со целосна поддршка на македонски јазик.
Повеќе информации и можност за пријавување на листата на чекање за првите 1.000 корисници ве очекуваат на umniverzum.com.
Дополнително, на настанот ќе може да се слушнат инспиративни предавања, дискусија како AI ќе ги трансформира работните позиции и ќе биде лансирана AI практичната академија на Бреинстер.
Говорници на настанот ќе бидат Игор Трајковски – основач на time.mk, Ивица Пешовски – CTO, Brainster, д-р Владимир Трајковиќ – стартап ментор, Анја Марија Макеска – CMO, Brainster и Петар Ниновски – основач на Brainster и NU Академијата.