четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Суви коловози на патиштата

Суви коловози на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

МВР известува дека Граничниот премин Пелинце (Прохор Пчински) од 12.03 четврток од 07:00 часот е затворен. Сите патници и возила од граничен премин Пелинце ќе се пренасочуваат на граничен премин Табановце-Прешево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус