Крпите за после капење се неизоставен дел од секој дом, но ретко размислуваме за деталите во нивниот дизајн. Меѓу тие „подробности“ е лентата од плетено круто платно којашто честопати го краси работ, но понекогаш и внатрешноста на површината и текстурата на крпата за бришење.
На прв поглед, тоа изгледа само како декор, но всушност, лентата има посебна улога што ја подобрува употребата и го продолжува рокот на траење на крпата. Позната на англиски како (доби-граничник (dobby border), како што објави „Ситимагазин“ (Citymagazin), може да биде една или повеќе, и секогаш се наоѓа на краевите на крпата.
Ема Сејмур од „Гуд хаускипинг институт“ (Good Housekeeping Institutе) објаснува: – Оваа рамка ѝ помага на крпата да го задржи својот облик, бидејќи ѝ дава повеќе структура отколку фротиркото платно. Исто така, спречува ткаенината да се распаѓа. Иако крпата без рамка може да апсорбира влага, таквата варијанта обично не е толку издржлива и долготрајна.
Тоа значи, овие линии на крпите не се само естетски избор на дизајнерот, туку внимателна техника на ткаење што служат за неколку практични цели. Тоа се: Зголемување на впивливоста, Подобрување на структурната стабилност на крпата и искуство што дава чувство на луксуз, пишува „Апворти“ (Upworthy). Како што истакнуваат познавачите, овие линии, исто така, придонесуваат за својствата на крпата да ја отстранува влажноста. Тоа е суптилна, но важна одлика што често останува незабележана и има клучна улога во обезбедувањето беспрекорн делотворност на крпите секој ден.