Совршен избор доколку овој викенд треба да сте послаби за -5 килограми. Ви требаат 3 дена, колку што трае овој продолжен викенд бидејќи понеделник е неработен ден.
Внесувате многу малку калории, но благодарение на компирот ќе се чувствувате сити и задоволни деновите додека сте на оваа диета.
Ден 1
Појадок: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 2 чаши јогурт
Ден 2
Појадок: 1 чаша јогурт
Ручек: 2 варени компири без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Ден 3
Појадок: 1 варен компир без сол
Ручек: 1 варен компир без сол, 1 чаша јогурт
Вечера: 1 чаша јогурт
ВАЖНО: Диетата е многу строга и не се препорачува за лица кои практикуваат физичка активност и имаат здравствени проблеми.
Забранета е употреба на истата подолго од 3 дена !!!
Предноста кај оваа диета е што е кратка, а се постигнуваат брзи резулатати „благодарение“ на екстремната ниска калориска вредност на оброците.