Живот и Стил Нарцисите се дел од нив

Внимавајте- овие домашни растенија се опасни за мачките

Внимавајте- овие домашни растенија се опасни за мачките

Пролетта пристигна и многумина ја украсуваат својата градина и домот со нови цвеќиња. Во таа смисла, треба да се внимава ако во домаќинството има и мачки бидејќи одредени растенија се отровни за тие домашни миленици. Следат дел од попопуларните украсни растенија што може да ѝ направат проблеми на мачката ако реши да го грицка листот, цветот итн.

Нарцис

Нарцис – дури и само неколку каснувања од кој било дел од ова растение предизвикува лигавење, повраќање и пролив кај мачките. При посериозна состојба можни се нарушувања на срцевиот ритам.

Маргаритки и лалиња – нe се најотровни за мачките, но не се ни 100 отсто безбедни. Ако мачето изеде повеќе од еден, два цвета, најверојатно ќе се јави повраќање и пролив. „Полесното“ труење со маргаритка најчесто исчезнува за неколку дена.

Лилјан

Лилјан – сите делови од ова растение се крајно опасни за мачката, ако го изеде, или пак, само да го помириса или да се напие од водата во вазната. Во потешки случаи, труењето предизвикува повраќање, пролив и откажување на бубрезите. Поради високата токсичност, лилјаните никогаш не се одгледуваат во дом каде што се чуваат мачки.

Лалиња – иако на многумина им се омилен цвет, и лалињата мора да се чуваат подалеку од мачка. Знаците на труење со лале се слични на оние со другите цвеќиња: повраќање, иритација на устата, пролив и отежнато дишење.

Хортензии

Хортензии – кoj било од приближно 260-те подвидови, е опасен за мачките. Сепак, труењето со хортензија е ретко. Ако мачката е „истражувач“ и сака надвор, како и другите наведени цвеќиња, и хортензиите треба да се засадат на безбедно место во градината, вон дофат на домашното милениче.

To top