Стар Стауфер Вајс (75) е вдовица од Колорадо Спрингс, која тврди дека моментално го живее животот од соништата, бидејќи во седумдесетите решила да се посвети на тренинзите за танцување на шипка.
Стар мислела дека е малку веројатно дека ќе може да ја оствари оваа желба, но дека всушност не се обидела додека не се појавила пандемијата.
Таа наведува дека осамениот живот со две мачки и разбудил чувство на самотија и дека штом малку се намалиле ограничувањата за пандемијата, решила да си ја исполни желбата. Првиот знак дека е време нејзиниот живот да се промени, го пронашла во локалниот весник.
– Тој напис беше за локална професионална танчерка, Дијана Мартин, која беше свештеник. Таа почна да танцува на шипка кога имаше речиси 50 години, а сега, на 64 години е мој личен инструктор. Таа е мозокот зад „револуцијата“ во танцувањето на шипка, вели Стар, а пренесува Сан.
Откако ја прочитала статијата, Стар била повеќе од возбудена да започне сопствено патување во своето хоби.
– Ми ја врати идејата и стариот сон за танцот на шипка, со години ми беше на списокот со желби, но некако секогаш го туркав во некое друго ќоше – истакна Стар.
– Искрено, си помислив „Можам ли воопшто да го направам ова?“ – тврди таа.
Пред 18 години го испратила својот сопруг во вечниот дом, а самата се бори со ревматоиден артритис во зглобовите и рацете, деформирана десна рака поради артритис и остеопороза. Има две плочки и девет завртки во телото од пад пред 16 години.
– Решив да испратам порака до студиото „Пол револуција“ да проверам дали има старосна граница – рече таа.
– На мое задоволство рекоа дека ја нема. Не губејќи време, се пријавив на воведен час таа недела. Немав идеја дали ќе можам да го направам тоа на моја возраст и со мојата медицинска историја, но не само што успеав, туку и целосно се навлеков – истакна таа.
„Таа виси наопаку, а јас едвај се кревам од столот“
Стар тврди дека не можела да се насити од своето хоби, па се пријавила на цел блок часови.
Како поранешна алкохоличарка со речиси 36 години трезвеност, патувањето на Стар до танцување на шипка три пати неделно не само што ја трансформирало физички, туку и давало огромни ментални и емоционални придобивки.
„Танцувањето на шипка во мојот салон – каде што имам поставено шипка – и часовите ми помагаат многу во борбата против анксиозноста“, признава жената.
Таа многу се забавува и добива голема поддршка од заедницата
Вели дека добив голема поддршка од заедницата за танцување на шипка и ужива во учењето нови трикови.
– Кога изведувате трикови на шипка, вашиот ум мора целосно да биде фокусиран на она што го правите, за да исчезнат оние лоши работи што се случуваат во вашиот мозок. Мора да се концентрираш или може да го изгубиш стисокот, да ја пуштиш погрешната нога или рака и да паднеш на подот. За среќа, немав потрес на мозокот, изјави Стар.
Истакнува дека е горда на својата способност грациозно да се подигне од подот, дури и додека носи штикли.
– Некои од моите пријатели од средното училиште на Фејсбук хумористично коментираа: „Таа виси наопаку од шипката, а јас едвај се кревам од столот“.
Во однос на физичкото здравје, Стар има развиено мускули какви што никогаш досега немала, дури и во помладите години. Нејзината остеопороза се намалила, а густината на коските и се зголемила.