Живот и Стил Празник

Утре се слави Свети Георгиј – Ѓурѓиц: Од него зависи каква ќе биде зимата, еве што не треба да правите

Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

Утре се слави Свети Георгиј – Ѓурѓиц: Од него зависи каква ќе биде зимата, еве што не треба да правите

Утре (16.11) е Пренесувањето на моштите на свети великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска.

Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.

Според народните верувања од утре до 24 ноември, временските прилики ќе ни покажат каква ќе ни биде престојната зима.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ако деновите се магловити, зимата ќе биде променлива и магловита, но ако биде ведро -зимата ќе биде остра и со многу мраз.

За време на овие денови ништо од куќата не треба да се дава. Не треба да се преде волна и ништо не се пере.

Кројачите и чевларите одмараат, додека жените не треба да работат рачни работи.

To top