Живот и Стил Тропар

Според МПЦ утре се празнува повеќе светители

Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, кое го изврши Зоровавел.

Според МПЦ утре се празнува повеќе светители

Светиот пророк Агеј

Роден е во Вавилон за време на робувањето на Израилот од племето Левиево. Пророкуваше 470 години пред Христа. Како млад го посети Ерусалим. Ги поттикнуваше Зоровавел и свештеникот Исус да го обноват храмот Господов пророкувајќи му на тој храм поголема слава од поранешниот храм Соломонов. „Славата на овој последен храм ќе биде поголема отколку на поранешниот, вели Господ над војските“ (Агеј 2, 9). Зашто во новиот храм ќе се јави Господ Спасителот. Овој пророк доживеа да види еден изграден дел од храмот, кое го изврши Зоровавел. Се упокои на старост.

Тропар
Агее, свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради, туку Господ за три дена го воскреснува, моли се, свети јасновидче, верата да нe поведе во Небесните домови.

Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски

Управуваше со Црквата од 980 до 995 година. Тој го ракоположи за свештеник големиот Симеон Нов Богослов кога овој духовен великан беше избран за настојател на манастирот на Светиот маченик Мамант во Цариград. Во неговото време во Кареја се случи чудесното јавување на Светиот архангел Гавриил, кога на монасите им беше предадено славословието кон Пресвета Богородица со песната „Достојно ест“. Оваа песна архангелот ја запиша со прст на камена плоча во една келија на црквата која оттогаш се нарекува Достојно (под 13 јуни). Овој значаен голем јерарх мирно се упокои и премина во Небесното Царство.

Тропар
Христов пастиру Николае, ти кој постана рака продолжена на Божјата благодат, смирено со паствата раководејќи, ангели приведе на славословие во земната Црква, отци богоносни заблескаа во вселената, и за многумина измолувајќи спасение – застапи се за нас пред Оној, Кој тебе те удоми во Царството Небесно.

Светата царица Теофанија

Од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ? се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Запоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели. Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ? претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор. Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на Св. пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови. Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го броеше своето царско достоинство за нешто. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостиња, обновуваји многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога во 892 година. Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Света Троица (Педесетница).

Тропар
Срцето свое кон Бога подигнувајќи го, измоли од Него милосрдие непрестано, Теофанијо, мајко наша од Христа возљубена, моли се за нас пред Господарот на животот, ти која бисер постана на Неговата волја и заповеди – прослава Господова со сите светии во вечни векови.

To top