Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го изобличи. За ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на Св. Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Кога изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше вратен патријархот Методиј, тогаш (846 година) моштите на Свети Никифор ги пренесоа од Проконис во Цариград и прво ги положија во црквата Света Софија од која беше прогонет за време на животот, а потоа во црквата на Светите апостоли. Главното празнување на овој јерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува откривањето и преносот на неговите нетлени мошти. Свети Никифор е прогонет од Цариград на 13 март, а по деветнаесет години на истиот датум во престолнината ги донесоа неговите Свети мошти.
Тропар
Велик Никифоре, пастиру на стадото Христово, денес Црквата глас кон Бога за тебе подигнува, денес Господ блгоизволи чест на твоите свети мошти да подари, од рацете на твојот ученик Методиј патријархот, со радосно срце на Теодора света, телото твое во слава Божја на верните се предава, за сведоштво на животот вечен, за спасение, од гревовите простување на оние кои го празнуваат твојот чесен спомен.
Светата маченичка Христина Персијанка
Беше луто мачена во Персија во 6 век заради нејзиното непоколебливо исповедање на верата во Христа. Мачителите толку ја камшикуваа што изнемоште и умре. Нејзината душа влезе во Царството на Господ Христос.
Тропар
Името Негово, блажена Христино, не само во срцето, туку и во самата појава твоја се огледуваше, кога како исповедник силата Божја во мачеништвото се покажа. Непоколеблива девственичке, за нас спомни си во твоите свети, за човековиот род, молитви.
Светиот свештеномаченик Публиј
Му беше преемник во епископството на славниот Дионисиј Ареопагит во Атина. Како епископ мачен од неверниците и убиен во 2 век.