вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 61
home Живот и стил

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат овие светители

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат овие светители

Преподобна Меланија Римјанка

Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек Апинијан. Кога го роди второто дете таа се разболе и му рече на мажот ? дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот ? се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве. Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите. Многу патуваа по странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги посетија прочуените духовници во Горен и Долен Мисир и од нив многу се научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвзиуваше во строг пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо. Имаше обичај секоја година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет. Со мажот живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во Александрија, зедоа благослов од Св. патријарх Кирил. Потоа заминаа за Ерусалим и се населија на гората Елеонска. Овде Меланија се затвори и целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон спасението. Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати во верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа). Потоа повторно се врати на Елеонската Гора и таму се упокои во Господа во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.

Тропар
Земното богатство раздавајќи го, на небесата вечни блага си стекнала, мудро си тргувала, земниот обручник со Небесниот си го заменила, Мелание преподобна, моли се за нас кои го славиме твојот свет спомен.

Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски

Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал „Толкувања“ на сите четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро дело од тој вид после оние на Св. Јован Златоуст, па денес се мошне драгоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата “ и „Животот на Св. Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и преминал во блажената вечност.

Тропар
Мудроста од Бога подарена, како омофор се приви над разумот твој, Теофилакте пастиру Христов, паствата безметежно пасејќи ја, се здоби со награда за трпението, поуки и примери оставајќи ни, се повлече во безмолвието, од каде Христа Го дочека на Небесната падина, и за нас сега спомни си од таа висина.

Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните)

Беше угледен според потеклото и чинот. Се пресели во Цариград, отфрли од себе с ? светско и прими свештенички чин. Основа дом за сиромаси и во него самиот лично ги примаше и ги негуваше болните од чума. Му беше личен познаник на царот Константин Велики. Затоа што зеде злато од царот и го потроши за болните од чума, Kонстантиновиот син, царот Констанциј, го фати и го врза за една дива маска, којашто ја гонеа додека светителот не издивна во рани. Пострада во 6 век.

Тропар
О блажен си ти, Зотик, тврдино на верата, уподобен на милосрдието, од Христа се поучи во човекољубието, болните, губавите и отфрлените, тебе во Бога за сокровиште те имаат, име во молитва ти споменуваат и Бога Го прославуваат, радувајќи се што таков застапник пред Него имаат.

Коронавирус