Живот и Стил Совети

Спиете со вашето маче или куче? Ветеринар советува зошто тоа е ЛОША идеја!

Инаку, британските научници велат дека дури 40 отсто од сопствениците на кучиња ја покажуваат својата љубов кон своите миленици така што ги оставаат да спијат со нив во кревет и да јадат со нив на маса.

Спиете со вашето маче или куче? Ветеринар советува зошто тоа е ЛОША идеја!

Иако можеби не се свесни за тоа сите сопственици, кучињата можат да пренесат голем број болести на луѓето: од разни паразити и туберкулоза, до болки во грлото, салмонела, грип…

Секако, тоа не е причина да не ги чувате како домашни миленици, но според многу ветеринари, тоа е доволно добра причина да не им дозволиме да спијат во кревет со нас.

Kако што истакна британската ветеринарка Кејти Александар, спиењето во кревет со луѓе може да го загрози самото куче; особено ако се уште е мало, ако е старо куче или куче со рамна муцка.

„Многу малите раси кученца, постарите кучиња, кучињата со рамен нос и кучињата со артритис или други проблеми со подвижноста може да имаат тешко време да најдат безбеден начин да излезат од креветот ако им е премногу жешко“, вели таа, истакнувајќи дека телото на кученцето во температурата е неколку степени повисока од човечката, и дека кучето лесно може да се „прегрее“.

Сопствениците на кучиња со рамно лице, како што се француските булдози и мопс, треба да бидат особено внимателни, додава таа, бидејќи постои поголем ризик да станат премногу загреани.

„Ако вашето куче сака да спие на кревет, има знаци на кои треба да внимавате за да знае дека не е премногу топло, кучињата кои ќе почнат да се прегреваат ќе се задишат и ќе се вознемират, а ако го забележите тоа веднаш извадете го јорганот или ќебето“, советува ветеринарот.

Исто така, вели таа, во тој случај треба да избегнувате ќебиња со тегови кои би можеле да бидат претешки за кучето самостојно да се симнува од креветот.

„Сите домашни миленици треба да се третираат со достоинство, љубезност и почит и треба да бидат сместени само во ситуации кои се безбедни, соодветни и пријатни за нив“, вели експертот за однесување на животните Кари Смит.

„Некои кучиња сакаат да влегуваат под покривката и ако тоа е нешто во кое уживаат, тоа е во ред, но никогаш не треба да ги принудувате да прават работи што не им се познати или што може да ги исплаши“ вели ветеринарот.

Инаку, британските научници велат дека дури 40 отсто од сопствениците на кучиња ја покажуваат својата љубов кон своите миленици така што ги оставаат да спијат со нив во кревет и да јадат со нив на маса.

„Кучето се движи по земја, се тркала во кал, туѓ измет и затоа е неоспорен факт дека е потенцијално опасно за луѓето. Една од најлошите болести што можеме да ја добиеме од куче е токсоплазмозата, еден вид паразит кој преку крвотокот може да стигне до мозокот и да предизвика големи здравствени компликации, објаснија, а има и туберкулоза, салмонела и разни вируси“, велат ветеринарите.

To top