Хормоналната рамнотежа има клучна улога во здравјето на секоја жена. Хормоните не се само „тивки регулатори“ на телото, туку влијаат и на речиси секој дел од нејзиниот живот и секојдневие. А пак, кога се јавува хормонална нерамнотежа, телото испраќа сигнали што може да укажуваат на некаков здравствен проблем, пишува порталот „Кликс“.
Следат неколку симптоми на хормонален дисбаланс:
– Ненадејните промени во расположението, како што се чувствата на тага, вознемиреност или раздразливост, можат да бидат знаци на хормонална нерамнотежа.
– Менструациите се пообилни или поболни од вообичаеното.
– Проблеми со спиењето, како што се несоница, кревок сон или често будење ноќе.
– Зголемена телесна тежина без промени во навиките за исхрана или физичките активности.
– Исто така, и намалениот интерес за сексуална активност може да биде последица на хормонални промени во телото.
– Појава на акни, сува кожа или други проблеми околу кожата.
– Честите главоболки или мигрени може да бидат предизвикани од флуктуации на хормоните во телото.
– И тешкотиите при забременување може да бидат поврзани со нерамнотежа на хормоните што го регулираат репродуктивниот систем.
– Ниската густина на коските или зголемениот ризик од скршеници можеби се должат на намалени нивоа на одредени хормони.
– Чувството на сувост или иритација во вагиналната област може да биде предизвикано од намалено ниво на естроген.
Ако се појават овие симптоми, важно е консултирањето со лекар за да се утврди причината и да се добие соодветен третман. Правилната дијагноза и навремениот третман можат значително да го подобрат квалитетот на животот на жената и да спречат можни посериозни здравствени проблеми подоцна. (МИА)