Живот и Стил есен-зима

Шест бои на чевли што ќе бидат тренд оваа есен

Секоја есен, темните нијанси, како црна и кафеава се класика.

Шест бои на чевли што ќе бидат тренд оваа есен

Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бидат вистинско освежување за есенските аутфити.

Секоја есен, темните нијанси, како црна и кафеава се класика.

Истото важи и оваа есен, но доста популарни се и други, „поживи“ бои кои можат да изгладат навистина добро со есенските аутфити.

Шест бои на чевли што ќе доминираат оваа есен:

Беж
Иако посветлите нијанси се попопуларни во потоплите месеци, чевлите со беж боја можат да изгледаат мошне добро со есенските аутфити.

Бидејќи во есен доминираат потемни бои, беж чевлите можат да ја освежат комбинацијата.

Исто така одлично изгледаат во комбинација со џемпери и мантили со посветла боја.

Freepik

Дречливо црвена
Црвената е вистински хит оваа година, а во есенските месеци ќе доминираат дречливите нијанси на чевли.

Во комбинација со понеутрални бои, дречливо црвените чевли можат да изгледаат особено добро.

Freepik

Темнокафеава
Оваа нијанса е класика за есенските месеци и лесно се комбинира со сите бои.

Убаво изгледа и на чевли со превртена кожа, кои се огромен хит.

Freepik

Мат црна
Црните чевли можат да бидат основа на секој есенски аутфит. Но, оваа сезона многу популарни ќе бидат мат чевлите, за разлика од сјајните.

Чевлите со мат црна боја изгледаат добро со други нијанси, а се мошне елегантни со целосно црни аутфити.

Freepik

Зелена
Оваа есен ќе доминира уште една впечатлива нијанса.

Ќе бидат популарни и потемните нијанси на зелена, но за да му дадете свежина на аутфитот, слободно експериментирајте и со подречлива нијанса.

Freepik

Бордо
Ако дречливата црвена не е за вас, секогаш можете да ѝ дадете шанса на бордо нијансата.

Бордо чевлите лесно ќе ги искомбинирате со сите есенски нијанси.

Freepik
To top