Велат дека телото за на плажа се прави во зима, но една нутриционистка вели дека може да го покажете вашето „летно тело“ за само една недела.
Габриела Пикок споделува осум совети како да ја трансформирате фигурата за седум дена, што ќе им биде олеснување на оние кои ја одложуваат здравата исхрана и вежбањето во постудените месеци.
„Иако постигнувањето ‘тело за на плажа’ за само една недела можеби не звучи реално или здраво, постојат едноставни промени во животниот стил кој секој може да ги направи за да се чувствува посигурен и поенергичен на краток рок“, рече Пикок.
Познатата нутриционистка – која има работено и со принцезата Беатрис и со принцот Хари – вели дека нејзиниот совет број еден е стратешки да се хидратирате. Вели дека билните чаеви го поттикнуваат метаболизмот, па затоа е најдобро да ги пиете рано наутро. Плус, водата со лимон и краставица може да ја намали надуеноста.
Бидејќи прекумерното задржување вода прави телата да изгледаат надуено, втор совет од експертката е да избегнувате премногу натриум. Пикок вели дека замената на солта со билки и зачини е еден лесен начин да се намали внесот на натриум, што значи дека телото нема премногу да задржува вода.
Трето, нутриционистката препорачува зголемување на внесот на протеини, бидејќи на тој начин ја зачувувате чистата мускулна маса. Пикок рече дека месото, грчкиот јогурт, варените јајца и зеленчукот со хумус се лесни замени за преработената храна како чипс.
Четврто, експертот советува оние кои се на диета да вклучат низа сложени јаглехидрати, вклучувајќи киноа, слатки компири и кафеав ориз во исхраната. Ваквите јаглехидрати го поттикнуваат телото и ве држат да се чувствувате сити подолго време, што значи дека нема да посегнувате по слатки задоволства или солени грицки пред летен ден на плажа.
Петтиот совет се врти околу влакна. Намирниците богати со влакна како што се овошјето и зеленчукот го помагаат варењето и дополнително делуваат на запирање на надуеноста.
Нутриционистката рече дека нејзиното шесто правило е строга контрола на порциите.
Конечно, број седум, можеби изгледа како бизарен совет, но Пикок вели дека добриот сон може да помогне да се создаде фантастично тело на плажа. Експертката препорачува 7-9 часа сон во текот на ноќта, велејќи дека недостатокот на сон може да го наруши нивото на хормоните и да ја зголеми желбата за нездрава храна, што ќе влијае на вашиот изглед во топлите летни денови.