Живот и Стил според патниците

Сè уште барате идеја за летен одмор? Ова е листата на најдобрите плажи во Европа за 2024 година

Сè уште барате идеја за летен одмор? Ова е листата на најдобрите плажи во Европа за 2024 година

Ранг-листата објавена на страницата European Best Destinations ги наведува најдобрите плажи на Стариот континент за 2024 година, а на прво место е идиличната дестинација во Малта.

Плажите со златен песок на Алгарве и Канарските Острови, дивите плажи во Грција, речните плажи совршени за семејства, за спортови на вода или уживање – сето ова е вклучено во листата на страницата за најдобри европски дестинации.

-Дозволете си одмор во овие светилишта од чиста природа кои нудат плажи од соништата и можност да се исклучите од светот и повторно да се поврзете со себе. Време е да се ослободите, наведуваат заедно со списокот.

Оваа ранг листа ги собира најпопуларните плажи за кои гласале патниците ширум светот.

На прво место е заливот Гајн Туфиха од Малта, кој се наоѓа во близина на крајбрежниот град Мелиеха, кој беше награден од Европската комисија за посветеноста на одржливиот туризам. Заливот Гајн Туфиха, со своите прекрасни карпи и песочна плажа, е совршен избор за вашиот одмор.

Оваа плажа нуди високи стандарди на чистота и услуга со ресторани и снек бар. Достапни се и лежалки и водени активности.

Плажата Монте Клериго во Алезур, Португалија е на второто место. Со својот познат замок, кулинарската традиција, но и зачуваната природа и плажите кои го одземаат здивот, како што се Амореира, Бордеира, Одесеикс, Арифана, Монте Клериго – Алезур е фантастична дестинација за избор ова лето.

Плажата Олудениз во Турција е на трето место, а ја краси ситен песок и неверојатни сини нијанси на морето.

На овогодинешната листа е и Ксамил во Албанија.

Листата на најдобрите европски плажи за 2024 година вклучува:

Гајн Туфиха, Малта
Монте Клериго, Португалија
Олудениз, Турција
Канал d’Amour, Грција
Порто Тимони, Грција
Лас Терезитас, Шпанија
Odeceixe, Португалија
Заливот Сент Павле, Грција
Како Катедраис, Шпанија
Калпе, Шпанија
Порто Кацики, Грција
Сцијалара, Италија
Градо, Италија
Ксамил, Албанија
Ваи, Грција

To top