Изборот на име за девојче е една од првите одлуки што родителите ги донесуваат за своето бебе. Многумина поаѓаат од идејата дека името не е само збор што се изговара, туку нешто што носи приказна, енергија и порака.
Меѓу прекрасните имиња што можете да им ги дадете на вашите ќерки се оние што симболизираат сила, внатрешна, емоционална, духовна или воинствена.
Бидејќи силата денес не значи само храброст и решителност, туку и нежност, отпорност, самодоверба и способност да останеме свои во свет кој постојано се менува. Ако барате име што ќе ѝ даде на вашето девојче силна основа и инспиративно значење, оваа листа може да биде совршена почетна точка.
1. Валерија
Име од латинско потекло кое доаѓа од зборот valere – да се биде силен, здрав, моќен. Валерија симболизира внатрешна стабилност и издржливост, и звучи елегантно и рафинирано.
2. Андреа
Од грчко потекло, изведено е од зборот andreia, што значи храброст. Иако во некои земји е машко име, во нашата земја е чест и силен избор за девојките – симболизира храброст и карактер.
3. Габриела
Од хебрејско потекло, значи „Божја сила“. Името носи духовна димензија на моќ и заштита, а во исто време е нежно и женствено.
4. Петра
Женската верзија на името Петар, што значи карпа. Петра симболизира сила, постојаност и сигурност, личност на која секогаш можете да се потпрете.
5. Валентина
Потекнува од латинскиот valens – силен, здрав. Освен што носи порака за сила, името има и романтична нота, што го прави идеална комбинација на моќ и топлина.
6. Милица
Од словенско потекло, често се поврзува со грациозност и љубезност, но во подлабоко значење симболизира сила преку нежност, таа тивка, постојана сила што го движи светот.
7. Леона
Изведено од латинскиот збор за лав. Лавицата е симбол на храброст, заштита и лидерство, а името Леона зрачи со самодоверба и харизма.
8. Матилда
Од германско потекло, значи „моќна во битка“. Името има кралска нота и долга историја, и симболизира решителност и непоколеблив дух.
9. Николина
Потекнува од машкото име Никола, што значи „победа на народот“. Ја носи енергијата на успехот, борбениот дух и способноста за борба за своите цели.
10. Лара
Иако кратко и модерно, името Лара е поврзано со латинското значење на заштита и слава. Во современ контекст, симболизира тивка, но самоуверена сила и независност.