Живот и Стил совет

РАБОТИ КОИ ПОЛЕКА, НО СИГУРНО ЈА УНИШТУВААТ СЕКОЈА ВРСКА Среќните парови не го прават ова – обрнете внимание

Ако се прашувате зошто вашата врска станала неподнослива, веројатно треба добро да ја анализирате моменталната ситуација и да бидете објективни.

РАБОТИ КОИ ПОЛЕКА, НО СИГУРНО ЈА УНИШТУВААТ СЕКОЈА ВРСКА Среќните парови не го прават ова – обрнете внимание

Ако се прашувате зошто вашата врска станала неподнослива, веројатно треба добро да ја анализирате моменталната ситуација и да бидете објективни.

Проследете на што се должеле вашите последни караници и бидете реални – почнете од себе. Доколку не можете да најдете ништо погрешно во вашето и нејзиното однесување, тогаш размислете дали ова се вашите настанати навики:

Неслушање

Комуникацијата е клуч во секоја врска, па ако таа не е добро воспоставена вашата врска може да западне во навистина ризична ситуација. “Тренирајте” трпение – малку е потрено да бидете трпеливи, а крајниот резултат може да направи пресврт во вашата врска.

Голем „багаж“

Секој од нас влече со себе одреден „багаж“ од минатите врска, искуства, навики, но разберете – вашиот партнер имал живот и пред вас. Сосема е на место да забележите одредени работи кои ви пречат, но прифатете ја личноста онакава каква што е.

Проблем со обврски

Доколку не сте доволно созреани да ги прифатите обврските и одговорностите кои доаѓаат во пакет со вашиот партнер и врската, тогаш не очекувајте вашата врска да успее.

Семејни проблеми

Не мора да ги обожавате родителите на вашиот партнер, но морате да дадете се од себе за да покажете љубезност и почит кога се тие во ваша околина. Тој/таа ќе го цени тоа!

Работа

Денес навистина претставува огромен успех да можете да ги избалансирате приватниот живот и кариерата, па затоа бидете максимално флексибилни и прилагодливи и покажете разбирање за работата на вашиот партнер.

To top