Старите македонски имиња повеќе не се популарни, а тоа навистина е голема штета.
Овие традиционални македонски имиња во себе кријат моќно значење и неверојатна симболика.
1. Ружица – име на кралицата на цвеќињата, кое одлично ќе му прилега на секое девојче.
Розата истовремено е нешто нежно, романтично и кршливо цвеќе, но силно и симболично.
2. Лидија – ова име значи „родена од Бога“, односно жена од Лидија, покраина во Мала Азија.
Во коренот на името има асирски збор кој значи луѓе.
3. Љубица – женско име со старословенско потекло, настанато од билката љубичица.
4. Верица – основното толкување е христијанската доблест, верата, а самото име ќе се преведе како „онаа која верува“ или „онаа која е верна“.
5. Зорица – името потекнува од поимот кој означува дел од денот, зората и симболизира почеток на светлината.
Како симбол за убавина, зората била инспирација на многу уметници во нивното создавање.
6. Јасна – името настанало од придавката јасна, која значи светла, сјајна.
Ова име симболизира позитивност, оптимизам и шарм.