Живот и Стил

Паркет или ламинат – како да знаете што да изберете: Кои се нивните сличности и разлики

Иако можеби на прв поглед изгледаат исто, тие се сосема различни.

Паркет или ламинат – како да знаете што да изберете: Кои се нивните сличности и разлики

Ако сте во процес на реновирање на вашиот дом, особено ако сакате да го смените подот, тогаш нормално е да бидете во дилема. Дали е подобро да изберете паркет или ламинат?

И двата избори имаат предности и недостатоци, а ова се само совети како да го изберете најдобриот.

И двете се лесни за поставување, а најважно за вас кога се финансиите во прашање, цената е слична.

Дали е навистина истото тогаш?

Не, има разлика во овие два типа на подови. Паркетот е направен од природно дрво, додека ламинатот има пластичен горен слој. Изгледот на ламинатот го одредува дизајнот на печатено дрво на горниот слој кој е обложен со лак, што го прави лесен за одржување и поиздржлив, но помалку автентичен.

Која е разликата?

Разликата е во тоа што паркетот е природен производ, додека ламинатот не е. И двата се состојат од различни слоеви, но горниот слој на паркетот е тенок слој од природно дрво, додека во случајот на ламинат, тоа е пластика. На прв поглед изгледаат слично, но веднаш ќе ја забележите разликата кога ќе ги допрете.

Она што го прави паркетот сосема различен е тоа што нема две исти даски. Структурата и линиите на дрвото се различни и на тој начин му даваат на подот автентична димензија. Вистинското дрво е чувствително на траги и гребнатини.

To top