Живот и Стил

ОСТАВЕТЕ ЈА МОДАТА: Лентата со машна може да биде опасна при обликувањето на главата на бебето

Меѓу нив, и Метју Ролер, педијатар и киропрактичар во Солт Лејк Сити, Јута, САД, ги предупредува родителите да не им ставаат таква лента на бебињата, бидејќи таа може да биде опасна при обликувањето на малата глава.

ОСТАВЕТЕ ЈА МОДАТА: Лентата со машна може да биде опасна при обликувањето на главата на бебето

Иако може да бидат симпатичен и шармантен моден додаток за вашето бебе, лентите со машнички за глава не се баш препорачливи за малечкото, велат стручњаците. Меѓу нив, и Метју Ролер, педијатар и киропрактичар во Солт Лејк Сити, Јута, САД, ги предупредува родителите да не им ставаат таква лента на бебињата, бидејќи таа може да биде опасна при обликувањето на малата глава.

– Притисокот што го вршат лентите е поголем од оној што јас би го направил „за да ги решам проблемите“ со обликот на главата, вели Ролер. – Ако ја извадите лентата од главата на Вашето бебе и видите вдлабнатина во главата, тоа не е добар знак, бидејќи главата на бебето треба да биде тркалезна.

Наместо тоа, препораките говорат: Родителите да користат нешто што не ја стега главата на бебето кое е на самиот почеток од својот развој.

Сара Ханстед, педијатриска медицинска сестра и основач на едукативната програма „ЦРП кидс“ (CPR Kids), исто така, предупредува против овој тренд. Таа раскажа за случај во супермаркет каде што самата била сведок, кога бебе – девојче, се мачело да земе здив откако лентата за глава ѝ паднала преку устата и носот додека била во количка.

Кога здравствената работничка итно ѝ ја отстранила лентата, девојчето веднаш гласно заплакало. Ханстед вели дека украсните ленти за глава се в ред за фотографирање, но советува дека никогаш не треба да ги оставате на бебето освен ако тоа не е во ваша близина, будно и под директен родителски надзор

To top