Зошто децата постојано се смејат и покрај временски неприлики, покрај болеста и сиромаштијата? Затоа што на сосема поинаков начин ги разгледуваат ситуациите кои ги опкружуваат.
Понекогаш најголемите лекции од животот можеме да ги научиме токму од децата.
Немаат молив? Ќе цртаат со креда. Немаат топка? Ќе ја искористат кутијата. Немаат скејтборд? Ќе се снајдат некако со нешто друго.
Децата ќе импровизираат куќа во природа, ќе прават колачи од снег, дворци од песоци, ќе трчаат боси по трева, ќе скокаат во барички, ќе фаќаат гуштери, ќе хранат штотуку родени мачки, ќе си играат со топки направени од кал, ќе лижат мразулци преправајќи се дека се сладолед.
Ќе заиграат на мраз, ќе си играат со лисја, ќе скокаат, ќе викаат, ќе се качуваат на сѐ и сешто и ќе бидат многу посреќни од многу возрасни кои имаат неспоредливо повеќе.
Кога ќе им се придружи ново другарче, тие не се замараат за неговата материјална состојба, за вера, боја, кожа, за историјата на неговите родители, за имотот што го поседува, ниту за облеката која ја носи.
Од тригодишник нема да чуете: „Кажи ми каков си бил како бебе. Цицаше или пиеше млеко од шише? Дали носеше „Памперс“ или други пепени? Јас се дружам само со оние кои носеле „Памперс“.
Децата уживаат во сегашниот момент и заедно создаваат спомени – додека многу возрасни постојано ги враќаат спомените од минатото и со тоа си ја расипуваат и сегашноста, но и иднината.
Детето во секој момент ќе најде некаков начин за да се забавува и максимално ќе го искористи своето време и ситуацијата во којашто се наоѓа.
Ќе направи гаража за автомобили од кутија од чевли, ќе направи авион од хартија, ќе се прска со вода, ќе игра со стапчиња од сладолед, ќе пее подеднакво гласно иако нема талент и што е најважно – искрено ќе се смее!
Благодарејќи на тоа, детството станува поубаво, повесело, поразиграно, пораспеано и пошарено, па дури и во најтешките околности за растење. Нивната фантазија е бујна, а бескрајни се волјата и желбата да си го разубаваат секој момент.
Навистина малку е потребно за среќа. Секаде можеме да ја најдеме и почувствуваме, потребно е само малку добра волја. Животот го создаваме од ситници и краткотрајни моменти. Тие го создаваат совршенството, а совршенството е нашата крајна цел.