Живот и Стил тренд

Нов тренд: Дали треба да пиете вода со малку сол наутро?

Испирањето на грлото со вода со прстофат сол долго време се користи како домашен лек за болки во грлото и помали тегоби, но сега на социјалните медиуми стана тренд да се користи како утрински „бустер“. Се тврди дека ја подобрува хидратацијата и ја зголемува енергијата. Иако може да им обезбеди некои придобивки на некои луѓе, експертите предупредуваат дека на повеќето луѓе всушност не им е потребна оваа комбинација.

Како пиењето солена вода може да влијае на вашето тело?
Теоретски, оваа мешавина може да ги зголеми нивоата на натриум во крвта, да задржи повеќе вода во крвотокот и да помогне во одржувањето на соодветен волумен на крвта. Солта е електролит што му е потребен на телото за основни функции и ние природно го губиме преку потење, мокрење и плачење.

Кога натриумот – главната компонента на солта – се зголемува во крвта, повеќе вода останува во крвотокот отколку без додадена сол. Ова е важно затоа што соодветниот волумен на крвта овозможува кислород, хранливи материи, отпадни производи, хормони и имунолошки клетки правилно да се транспортираат низ целото тело.

Но, тоа не значи дека секој треба да почне да пие солена вода наутро.

„Повеќето од нас веќе внесуваме премногу натриум во нашата исхрана, па затоа навистина не треба да додаваме повеќе сол“, изјави диететичарката Роксана Ехсани за Health. Таа додава: „Просечниот човек не треба да додава сол во водата за пиење“.

Прекумерниот внес на сол е поврзан со висок крвен притисок, што може да доведе до срцеви проблеми како срцев удар и мозочен удар. Сепак, нефрологот Блез Абрамовиц вели дека одредени групи можат да имаат корист, како што се луѓето кои брзо губат вода и натриум поради честа дијареја, грип, пневмонија или инфекции на уринарниот тракт, како и сериозни спортисти или оние кои многу се потат поради топлина и влажност.

Кој треба да го избегнува овој тренд?
Прстофат сол е околу 145 милиграми, што е „многу мала количина“, вели Абрамовиц. Сепак, таа додава дека дури и толку мала количина сол во водата е „генерално несоодветна или непотребна“.

Абрамовиц силно препорачува овој тренд да го избегнуваат луѓето со заболувања на бубрезите, црниот дроб, висок крвен притисок или други срцеви заболувања како што е срцева слабост. Исто така, ова е лоша идеја за луѓе со дијабетес тип 2 или за оние кои внимаваат на внесот на сол, додаде Ехсани.

To top