Трета година по ред земјата позната по чоколадо и часовници е прва на листата на најдобри земји во целиот свет. Воедно, дури седми пат Швајцарија е на првото место на оваа престижна листа.
По оваа европска земја, на листата се Јапонија и Соединетите Американски Држави, додека на четвртото и петтото место се најдоа Канада и Австралија.
25 најдобри земји во светот
Дури 15 од првите 25 земји на оваа листа за 2024 година се наоѓаат на европско тло. Има и две земји на Блискиот Исток, Катар и Обединетите Арапски Емирати и четири земји во Азија.
Списокот на првите 10 земји, кои се окарактеризирани како најдобри во светот за 2024 година, изгледа вака:
1. Швајцарија
2. Јапонија
3. Соединетите Американски Држави
4. Канада
5. Австралија
6. Шведска
7. Германија
8. Обединетото Кралство
9. Нов Зеланд
10. Данска
На што се базира списокот?
Речиси 17.000 луѓе, припадници на 36 нации, учествуваа во проектот „The Best Countries rankings and analysis“, кој „U.S.News“ го реализира во соработка со WPP, светската агенција за маркетинг и комуникации, и Вортон школото на Универзитетот во Пенсилванија (англиски: Wharton School of the University of Pennsylvania).
Во овогодинешното истражување беа разгледани 73 уникатни аспекти, а беа опфатени 89 земји.
Интересно е да се спомене дека оваа година на ранг-листата за прв пат се најдоа две земји откако постои овој проект. Заедно со Исланд, тоа е и Кувајт, бидејќи имаа позитивен одговор на критериумите, во рамките на референтните вредности.
3 најдобри земји во светот
Уште од 2017 година, Швајцарија често е на првото место. Особено што е земја која има одлични резултати за три важни критериуми. Таа е на трето место по квалитет на живот, на петто по претприемништво и на седмо по „општествена цел“. Дополнително, таа е на второ место по отвореност за бизнис, а на осмо по културно влијание. Најлошо беше рангирана според критериумот „наследство“, каде го зазеде дури 29. место.
Вицешампион оваа година е Јапонија, која ја подобри својата позиција за две места. Јапонија беше втора во 2021 година.