Љубителите на Латино танцот ширум светот имаа уникатна прилика да бидат дел од еден од најпознатите настани во светот на танцувањето – Светското првенство во Латино танци Скопје 2024.
Настанот се одржa во Скопје во Спортски Центар Борис Трајковски од 18 ноември 2024 до 23 ноември 2024, каде најдобрите 1500 танчари од 18 земји од светот се натпреварува во некои од најпознатите стилови на латино, карибијан и салса музика и танци.
Како најголемо и најпрестижно натпреварување во латино танцови дисциплини, Светското првенство во Латино танци 2024 ја понуди највисоката сцена за професионалните танчари и за љубителите на овие страствени, динамични танци. Овој настан не само го прослави талентот и вештината на учесниците, туку и ќе ја истакне важноста на латино културата и музиката како глобално движење.
Македонија ја претставуваа три клуба, „Студио Данса Латина Стефи“ од Скопје, ТСК „Експоуз“ од Битола и „Ит д бит“ од Скопје.
Од македонските учесници, убедливо најголемо внимание привлече настапот на талентираната Македонка Ева Карамановска од „Студио Данса Латина Стефи“, која облечена во креација со боите на македонското знаме и музика која допира до срцето, буквално ги освои симпатиите на сите присутни, а снимката од нејзиниот настап вирално се споделува на социјалните мрежи.
– На светското првенство во латино ечеше македонска песна. Спојот на традиционалното со модерното ја крена цела сала на нозе. Емоција која вреди да се доживее. Да ја зачуваме традицијата, македонскиот јазик, споменот на нашиот Тоше. Горди сме на нашата Ева, вели сопственичката на професоналното студио за балет и латино танци „Студио Данса Латина Стефи“, Стефана Силјановска.
Уживајте во најубавиот настап во изведба на Ева Карамановска: