Живот и Стил идеи

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични мотиви за да се смета за соодветен за сезоната.

Секој што сака елегантен празничен маникир има голем број опции што може да ги испроба овој месец. Сепак,  се чини дека една шармантна и многу актуелна варијанта е моментално на врвот на популарноста – карираниот маникир.

Маникир со кариран дезен изгледа како омилен божиќен џемпер, па затоа се поврзува со удобност и топлина.

Покрај тоа што е совршено интегриран во празничната сезона, карираниот маникир е многу ефикасен и може да се прилагоди на сечиј вкус. На пример, Кајли Џенер избра „несовпаѓачка“ варијанта во тонови на кафеава, сина и розова, но бројни примери што се појавуваат на Инстаграм докажуваат дека практично нема правила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Wytiaz (@bro0ketini)

Карираниот дезен на ноктите може да биде впечатлив или суптилен, преку целиот нокт или сите нокти, или само како детаљ, да речеме како врв на француски маникир. А кога станува збор за палетата на бои, изборот е огромен.

Оние кои сакаат по традиционален изглед ќе изберат нијанси на црвена и зелена, што е исто така многу новогодишна комбинација. Од друга страна, кафеавите тонови би можеле да им се допаднат на трендсетерите, додека романтичарите најверојатно ќе посегнат по шарени и разиграни верзии.

To top