Оние кои патуваат- побавно стареат, односно се чувствуваат, но и изгледаат помлади, според ново истражување. Не е важно дали луѓето откриваат нови места, обичаи, култури, или пак, се работи за обичен одмор на познато место – благотворноста е иста, велат истражувачите од австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ во Перт.
На патувањата се случуваат нови нешта, запознаваме нови луѓе, земји, пејзажи, култури и стекнуваме животни искуства. Тоа дава можност за подобро спиење, но и други корисни активности. Секое патување е авантура полна непознати и нови искуства. Тоа се предизвици коишто ги доживуваме надвор од „комфорната зона“ и се корисни бидејќи помагаат за подобро движење ширум непознатото, подобар поглед кон иднината и полесно ширење познанства.
– Туризмот не е само одмор и рекреација. Тој придонесува за подобро физичко и психичко здравје, вели водечкиот истражувач Фангли Ху.
Треба да се негува и љубопитноста. Запознавањето нови култури, градови, вкусови, мириси, архитектура, навики, хумор – сѐ тоа ја поттикнува креативноста и имагинацијата. На секое патување, се вели, се издвојува некоја случка како авантура што ќе се помни и прераскажува.
Истражувањето на оваа тема се согласува дека секое излегување од својот град, населба или држава – е „празник за умот и телото“ и оти по секое патување уште повеќе го цениме својот дом.