Живот и Стил

Лакови за нокти во посветли нијанси – тренд за оваа пролет

Лакови за нокти во посветли нијанси – тренд за оваа пролет

Трендот на глазирани нокти продолжува и оваа пролет – во нежен стил. Во таа смисла, бледите, пастелни бои се најдобриот избор, особено нијансите на лаванда или светложолтите со сјајна завршница. Ако се оди на професионален педикир, советот гласи: Побарајте хромиран финиш или пробајте блескав лак за посјаен изглед на ноктите.

Боја на лаванда

Freepik

Пастелните тонови се признак на пролетта, но ако жената бара малку необични бои, лаванда е изборот што се препорачува. За да се осигурате дека бледи нијанси убаво се гледаат на ноктот, се почнува со бел основен слој, а потоа се додава лакот со боја на лаванда.

Бела боја

Freepik

Ако пролетна гардероба е дотолку шарена што модата налага секој ден да се менува лакот за нокти, белата боја е одлично решение. Без разлика дали ќе се одлучите за нијанса на мраз или пополна, кремасто бела, тој лак се нанесува на кратки нокти, заради минималистички изглед, препорачуваат стилистите.

Беж

Freepik

За сите оние кои не сакаат да си ги истакнуваат ноктите на нозете, изборот се лакови коишто прават ноктите да изгледаат само сјајно и здраво. Бежот е класична нијанса, а за љубителките на „шик“ минималистичкиот педикир, се препорачуваат млечно-беж боја или непроѕирна неутрална нијанса.

To top