Живот и Стил

Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители

Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја

Календар на МПЦ: Утре се слават овие светители

Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи. Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а војводите ги фрлија во затвор, каде прележаа седум години. Повеќепати доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската вера, но војводите не сакаа ни да чујат. Кога Сарацените им велеа дека Мухамед е вистински пророк а не Христос, војводите ги запрашаа: „Ако двајца се препираат за една нива, па едниот рече моја е, а другиот не, туку моја е, а притоа едниот од нив има многубројни сведоци, другиот пак нема ниту еден освен себеси, што би рекле вие, чија е онаа нива?“ Сарацените одговорија: „Навистина, на оној којшто има многубројни сведоци“. „Право пресудивте“, им одговорија војводите. „Така е и со Христос и Мухамед. Христос има многубројни сведоци – старите Пророци, коишто и вие ги признавате, а тие сите од Мојсеј до Јован Предвесник сведочат за Него, а Мухамед самиот за себе сведочи дека е пророк и нема ниту еден сведок“. Сарацените се засрамија, но повторно се обидоа да ја бранат својата вера на овој начин: „Дека нашата вера е подобра од христијанската се гледа по тоа што Бог нам ни даде победа над вас и ни ги даде најдобрите земји во светот и царство многу поголемо до христијанското“. На тоа војводите одговорија: „Кога би било така тогаш и египетското и вавилонското и елинското и римското идолопоклонство би биле вистинити вери, зашто во различни времиња секој од овие народи ги победуваше останатите и владееше над нив. Очигледно е дека вашата победа и силата и богатството не ја докажуваат вистинитоста на вашата вера. А ние знаеме дека Бог некогаш им дава победа на христијаните, а некогаш допушта над нив маки и страдања за да ги исправи и приведе кон покајание и очистување од гревовите“. После седум години, во 845 година, војводите завршија со смрт под меч. Нивните тела ги фрлија во реката Еуфрат, но испливаа на другиот брег, каде што христијаните ги зедоа и чесно ги погребаа.

Тропар
Свеќници пред престолот Божји, запалени за спасение на родот човечки, исповедници на вистината пред суетата човечка, Аморејски свети маченици, верата ваша ги надмина времињата и по вашите свети молитви послужи за спасение на многумина.

Блажениот Јов

Роден е во Москва во 1635 година. Кон Црквата го привлекоа црковното пеење и богослужбите. Му стана духовник на царот Петар Велики, но заради некоја клевета се оддалечи во Соловецкиот манастир, каде што тврдо се подвизуваше. Се упокои во Господ во 1720 година во својата осумдесет и петта година. Пред смртта возвикна: „Благословен е Бог на нашите Отци! А кога е така не се плашам и со радост заминувам од овој свет.“

Светите маченици Конон таткото и Конон синот

Таткото беше веќе старец, а синот момче на седумнаесет години. Во времето на Дометијан за верата во Христа нив ги истругаа со бичкија и тогаш се прославија среде земната и небесната Црква. Чесно пострадаа во 275 година.

Тропар
Годподи Боже наш, Кого морето го послуша, а благодат подари на Конона, и реки се повратија, ветришта стивнаа, се посрами сета хорда непријателска. Сега Спасителу послушај ја молитвата на оној кој заедно со својот син пред Тебе припадна – смири ја Црквата своја, превознесувањето на гордите симни го во правот на покајанието, и нас помилуј н? во нивните свети молитви.

Поврзани теми

To top