Се вели Nomen est omen, односно „името е знак“, а дали тоа навистина е така или станува збор за обично суеверие, не знаеме, но знаеме кои се некои од најубавите имиња што се популарни кај нас. Уште кога ќе го откриете нивното значење и ќе дознаете дека тоа претставува заштита од Бог, сакале или не, ќе поверувате во нешто поголемо од нас самите.
Се верува дека Господ особено ги чува оние што ги носат следниве имиња:
Душан – душа и дух, поврзано со црковниот празник Духови.
Аранѓел – Архангел, заповедникот на ангелите.
Лазар – оној кому Бог му помага.
Богдан, Богдана – дар од Бог, обично им се дава на децата кои биле долго чекани.
Аврам – возвишен татко по библискиот прататко Аврам.
Ана – божја милост, благодарност. Во Русија името Ана значи „онаа што ќе се роди повторно“ и е световно име на Богородица.
Анастасија – воскреснување, обично им се давало на девојчињата родени околу Велигден.
Ангелина – Божји посланик, ангел.
Лидија – родена од Бога.
Кристина – онаа што е помажена (божји благослов што свештеникот го дава со помазание со масло), потекнува од името Исус Христос.
Теодора – дар од Бога.