На пладне по наше време во 2024 ќе влезе Нов Зеланд, во 14 часот Австралија, во 16 Јапонија и Кореја, во 17 часот Кина, а час подоцна од 2023 ќе се простат Индонезија и Тајланд.
Спектакуларната прослава во Дубаи ќе биде во 21 часот по наше време, а час подоцна Новата година ќе се честита во Русија и Саудиска Арабија.
Неколку часа по нас, во Новата година влегуваат Бразил и Канада околу 5 часот наутро по наше време, а кога нашите клубови ќе започнат да ги затвораат вратите, Американците ќе се простат со старата година.