Живот и Стил една недела пред велигден

ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Никако не правете една работа, ова се обичаите

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.

ДОАЃА ЛАЗАРОВА САБОТА: Никако не правете една работа, ова се обичаите

На 04 април, сабота, е Лазарова Сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.

На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота.

На Лазарова сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: „Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене“.

На овој ден се бере цвеќе, но не се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Во Македонија групи девојчиња облечени како невести одат и пеат лазаревски песни, како обичај за големиот празник.

To top