Светителските празници редовно се определуваат според денот на упокојувањето на светителот. Зашто тоа е денот на нивната лична пасха, нивниот личен премин од смрт во живот, зашто тие, исто како и Христос, во себе го носеа најизобилниот живот, пред кого смртта останува немоќна.
Денешниот празник е празникот на личната пасха на едниот од двајцата словенски просветители, празник на личната пасха на свети Методиј Солунски. Инаку, тој се слави заедно со својот брат Кирил на нивниот заеднички празник на 24 мај.