Живот и Стил МПЦ

Денеска е Св. свештеномаченик Мирон

Се одликуваше со особено благиот карактер.

Денеска е Св. свештеномаченик Мирон

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 август.

 

Денеска е Св. свештеномаченик Мирон.

Свети Мирон беше свештеник во некое место во Ахаја (Грција). Потекнуваше од виден и богат род. Се одликуваше со особено благиот карактер.

Во 250 година, за време на прогоните на христијаните при владеењето на римскиот импе¬ратор Декиј, на денот на Христовото раѓање и додека презвитерот Мирон служеше во црквата, се втурнаа внатре римски војници, го извлекоа од црквата и тука, на самото место, го ставија на страшни маки. А потоа свети Мирон беше пренесен во градот Кизик и обезглавен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Благословена Маргарета Вард.

Живеела во 16 век во Конглетон, во Англија. За време на прогонствата на католиците во Англија кои ги спроведувале англиските кралеви, повеќемина бискупи, свештеници и верници ги загубиле животите. Така Маргарета била жртва на прогонот кој го спроведувала кралицата Елизабета. Маргарета ги посетувала свештениците во затворите и поради тоа била изложена на мачеништва. Од неа барале да се откаже од католичката вера. Умрела во 1588 година жртвувајќи се за католичката вера од која не се откажала.

To top