ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај.
Денеска е Св. пророк Еремиј.
Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување.
Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим. Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците.
По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт. Убиен е со камења од своите сонародници.