Живот и Стил ПРАЗНИК

Денеска е Св. маченици Мина, Ермоген и Евграф

Царот не знаеше дека Мина и самиот е христијанин.

Денеска е Св. маченици Мина, Ермоген и Евграф

Денеска е Св. маченици Мина, Ермоген и Евграф.

Свети Мина беше римски војник во времето на цар Максимијан. Во една прилика, царот го испрати да ги смири нередите што беа настанале во Александрија и да ги гони тамошните христијани. Имено, царот не знаеше дека Мина и самиот е христијанин.

Мина не само што не ги гонеше христијаните, туку многумина придоби за верата во Христос. Штом чу за тоа, царот го испрати Ермоген во Александрија. Овој го измачуваше свети Мина, но откако виде дека Бог на чудесен начин го исцели и самиот поверува во Христа.

Тогаш самиот цар дојде во Александрија и ги погуби овие двајца, а со нив и еден незнабожечки писател Евграф, кој поверува гледајќи го примерот на свети Мина и Ермоген.

Најнови вести од Живот и Стил

To top