Оваа година празникот посветен на Кирил и Методиј се паѓа во петок, што значи дека секој верник би требало да пости. Исто така, сите обврски по дома би требало да ги оставите за друг ден, бидејќи на овој празник не се пере, не се шие, ниту се прават какви било други тешки задачи.
Кирил и Методиј биле браќа од Солун, кои ги ширеле писменоста и христијанството меѓу неписмените Словени во кнежевството на Велика Моравија и Панонија.
Со својата работа тие помогнале за културниот напредок на Словените, поради што останале запаметени како „словенските апостоли“.
Со преводот на литургиските и библиските книги, Кирил и Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост. Нивните ученици Климент и Наум го составиле писмото кирилица.
Кај Македонците, Русите, Украинците, Бугарите, Словаците и Чесите, денот на Свети Кирил и Методиј е културен Ден на словенската писменост и култура.