Научниците од Универзитетот во Вашингтон открија дека малите и големите кучиња патат од исти здравствени заболувања, но поголемите раси се склони кон потешки.
Овие научници ја открија причината зошто малите кучиња живеат подолго од големите кучиња, а овој податок ги изненади сопствениците на овие миленици.
Научната студија открива дека иако малите и големите кучиња патат од исти врсти задравствени заболувања, поголемите кучиња се склони кон потешки заболувања. Во оваа научна студија се анализирани повеќе од 25.000 кучиња од 238 раси, а резултатите беа објавени на PLOS.
Откриено е дека поголемите кучиња почесто се соочуваат со болести како што е ракот, болест која е поврзана со коските, невролошки заболувања, проблеми со ушите, мирисот или грлото, како и со заразните болести… од друга страна, помалите кучиња најчесто се соочуваат со проблеми со видот, срцето и со респираторните проблеми, но исто така се соочуваат со проблеми кај јетрата или панкреасот.
Но изненадувачки големината на кучето не влијае на болест кај бубрезите или уринарниот процес.
Големина, старост и болест
Овие наоди укажуваат на тоа дека иако поголемите кучиња не патат од повеќето здравствени болести за разлика од помалите, кај нив постои одредени сегменти за поединечни болести, што на некој начин ја објаснува разликата во животниот век, вели студијата.
Научниците нагласуваат дека е потребно дополнително време за истражување за да се разјасни сите врски помеѓу староста, големината и склоноста кон болеста кај кучињата.