Живот и Стил Промо

„Chymoral S“ на Галеника – новиот домашен сојузник за општо здравје

„Chymoral S“ на Галеника – новиот домашен сојузник за општо здравје

Препознатлива, а сепак нова и помоќна комбинација од три ензими подготви фармацевтската компанија Галеника во новиот „Chymoral S“. Состојките во препаратот се докажани во повеќе намени: воспаление на синусите, ринитис, инфекции за слузницата, горнореспираторни инфекции, артритиси, отоци или хематом по повреда, скршеница или по операција, како и по вадење заби. Производителот Галеника на македонскиот пазар го препознаваме по богатата палета на производи кои се докажале со повеќедецениска ефикасна примена и задоволни корисници, но и по посветеноста да ја унапреди понудата согласно современите потреби на потрошувачите.

„Chymoral S“ е унапреден наследник на веќе препознатливиот Chymoral кој повеќе од пет децении успешно го издржа тестот на времето како сојузник на домашната аптека со широка примена и ефикасност.

Новиот производ е применлив во повеќе области оториноларингологија, стоматологија, физијатрија, ортопедија и ревматологија како и во општата пракса при различни воспалителни состојби. Ова се должи на единствената комбинација на моќните три протеолитички ензими трипсин, хемотрипсин и серапептаза, кои имаат клучна улога во повеќе процеси во телото –  разградувањето на протеините, олеснување на поправката на ткивото и намалување на воспаленијата.

Трите ензими во „Chymoral®S“ имаат научно докажано дејство за подобрување нарушен проток на крв и лимфни течности, и како ефективен третман при отоци и крвни подливи и други отоци на мускулите, дава забележителни резултати и при отоци околу устата, вилицата или јазикот, при заздравување а скршеници или постоперативни терапии, третирање на артритис,  како и во случај на горнореспираторни инфекции, ринити и синуситиси.

Широкиот спектар на употреба се должи на антиинфламаторно, антиоксидативно, антиинфективно и муколитичко дејство „Chymoral S“, што го прави и исклучително важен при третман на инфекции на респираторен систем, воспалителни процеси на дишни патишта, густ бронхијален секрет, отежнато искашлување.

Комбинацијата од трите ензими во Chymoral S овозможува брзо дејство и го намалува времетраењето на лекувањето. Односно, во случај на лечење на воспалителен процес, најдобри и најбрзи резултати се постигнуваат со комбиниран терапевтски третман со лекови за лечење на воспалението, кортикостероиди и протеолитички ензими, со што се овозможува синергистичко дејство. Впрочем ензимите трипсин и хемотрипсин ефикасно го намалуваат воспалението и го забрзуваат просецот на заздравување на ткивото кај пациенти после хируршки интервенции, други повреди или изгореници. Ензимите помагаат да се намалат и болките. Третиот ензим, серапептазата го дополнува дејството на трипсин и химотрипсин со своите антиинфламаторни карактеристики.

„Chymoral S“ директно ги намалува отокот и густината на секретот при горнореспираторни заболувања. Односно, значително ги олеснува симптомите и справувањето со самата настинка или инфекција и го олеснува искашлувањето. Со тоа значително го намалува времетраењето на болеста. Производот се комбинира со антибиотска терапија и ја подобрува пенетрацијата на антибиотикот до заболеното или воспалено ткиво.

Како додаток во исхраната, „Chymoral S“ не се издава на рецепт и достапен е во аптеките, каде совет за користење може да побарате од фармацевтот или да се посоветувате со матичниот доктор. Таблетката се пие исклучиво на празен желудник, 1 час пред оброк и не е наменет за деца помлади од 12 години.

Овој препарат е само уште една нишка во посветеноста на Галеника кон корисникот и здравјето.

Трајниот врвен квалитет на фармацевтските производи, надополнет со иновативни технологии се потврдува како сигурна и цврста основа за меѓународниот раст на Галеника како фармацевтски лидер во регионот и на европските пазари. Компанијата речиси осум децении е присутна на нашиот пазар и ужива оправдана доверба кај повеќе генерации корисници. Насочена да одговори на современите потреби на пазарот и потребите на пациентите и потрошувачите, компанијата инвестира во збогатување на производното портфолио со производи и од новата генерација лекови.

To top