Живот и Стил

Бременост: Совети за утринската мачнина

Бременост: Совети за утринската мачнина

Утринската мачнина е честа појава во раната бременост, па трудницата вообичаено се чувствува лошо и исцрпено, со слаб апетит и често повраќање. Во тој случај, природно е прашањето: Дали тоа би можело негативно да влијае на развојот на бебето?

Добрата вест е дека во повеќето случаи – не може. Во првите месеци од бременоста, бебето е сè уште многу мало и нема големи нутритивни потреби. Краткорочното намалување на внесот на храна обично не е проблем и не го загрозува неговиот развој. Дури и кај бремените жени кои губат неколку килограми во првото тримесечје, тоа обично не му штетат на бебето. На крајот на краиштата, иако утринската мачнина е често непријатна, тоа е знак дека бременоста напредува.

Совет: Важно е да се обрне внимание на внесот на течности. И, урината треба да биде светла по боја. Потемната урина може да биде знак на дехидратација, па во тој случај треба да се пие повеќе вода, за телото на мајката и бебето да го добијат она што им е потребно.

Ако бремената жена не може да задржи ниту храна ниту течности, ова може да укажува на потежок облик на мачнина. Во такви случаи, особено ако повраќањето е почесто и исцрпувачко, важно е да се побара медицинска помош за да се заштити здравјето на мајката и на детето.

Од друга страна пак, сосема е нормално и ако трудницата нема утринско гадење. Некои бремени жени имаат многу благи симптоми или воопшто немаат симптоми. Тоа не значи дека нешто не е во ред со бременоста.

Треба да се има предвид дека гадењето може да се појави и подоцна. Ако не е присутно во шестата недела од бременоста, можно е да се појави во текот на вториот или третиот месец. Секоја бременост е различна, а отсуството или присуството на гадење е само еден од многуте поединечни и индивидуални знаци на таа состојба.

To top