Палеонтолозите откопаа череп од пахириносаурус тежок дури 272 килограми во близина на градот Гранд Прери во Алберта, објави светските медиуми.
Овој тревопасен диносаурус се шетал по пустините на Алберта пред 72 милиони години.
Черепот, кој експертите го нарекоа „Големиот Сем“, е најголемиот череп пронајден во Пајпстон Крик, јави Би-Би-Си.
Палеонтологот Емили Бамфорт од Музејот на диносаурусите Филип Џ. истакна дека покрај коските од возрасните диносауруси, пронајдени се и стотина остатоци на младенчиња.
Таа додаде дека примерокот на Големиот Сем бил совршено зачуван, бидејќи бил пронајден наопаку, што покажува дека овој диносаурус лежел на грб кога умрел.